Што да облечете денес?

23 мај 2015

77a864c9c5307a1586c316f9721148f3

Во екот на матурските и свадбените прослави, денеска ви предлагаме една свечена, а сепак пролетна комбинација. Фустанот со цветен дезен ќе направи да изгледате и да се чувствувате нежно. Апликациите од тантела го прават уште поинтересен и тренди.

Со оглед на тоа дека пастелните нијанси преовладуваат, чанта, обетки и чевли во пастелно розова, односно „пудра“ нијанса ќе бидат добар избор. Доколку сте похрабри, можете да си играте со боите, па чантата или чевлите да бидат во некоја поинтензивна.

Имајте убав и весел викенд!

Објавено:
23 мај 2015
Категорија: 
Тренд