Манго ви ја открива суштината на романтиката

13 јуни 2013

Летниот лукбук на шпанскиот бренд Манго насловен „Романтична суштина“ содржи микс на кежул парчиња од џинс, транспарентни блузи, широки панталони, летна облека во пудрести нијанси, ленени кошули, долги фустани и куси панталони. На фотографиите за манекенката Тони Гарн е олицетворение на релаксиран летен стил во однос на шминката и фризурата, а во истото расположение е комплетиран и конечниот стајлинг со помош на алки, клач-чанти и сандали.

 

 

 

Објавено:
13 јуни 2013
Категорија: 
Колекции