Манго ви презентира микс на стилови и текстури од колекцијата есен-зима 2014

3 јули 2014

Шпанскиот бренд Манго официјално го отвори четиринаесетото издание на модното шоу „Барселона 080“, каде ја презентираше колекцијата за есен/зима 2014. Редизајнираната, современа зграда на поранешната болница De Sant Pau на едно место собра повеќе од 800 шпански и интернационални ѕвезди, кои дојдоа да ги погледнат трендовите за следната сезона.

Ревијата ја отвори германската манекенка Тони Гарн која уште еднаш заблеска со својата спонтаност и елеганција. Женската колекција на Манго е сочинета од  42 комбинации, кои ги претставија водечките трендови за сезоната. Миксот на стилови и текстури е клучен елемент во колекцијата на овој шпански бренд, а е надополнет со предимензионирани парчиња, оние инспирирани од војничкиот изглед и панталони со висок струк. Во спектарот на бои за есен-зима 2014, најдоминантни се зелените тонови, црната и белата боја. Лежерниот дел од линијата е фокусиран на андерграунд модата со кожени јакни, парчиња со нитни и ниски чизми во јети стил.

Toni Garrn

Во машката линија пак, претставени беа 15 комбинации, каде исто така забележливо беше мешањето на стилови и трендови. Темните тонови се носечки за зимата, а сивата, црната и каки бојата се главни протагонисти во палетата на бои. Понудата на јакни и палта ја збогатува оваа линија, па така присутни се бомбер јакните, војничките палта и блејзерите. Колекцијата има и рок инспирација, доловена со парчиња како скратени панталони и едноставни фармерки во темни тонови. Формалните парчиња од колекцијата се комбинација на елеганција и волумен.

Ревијата на Манго беше посетена од бројни познати лица како Жем де Марикалар, Тамара Фалко, Фиона Ферер, Лаура Вечино, Вики Мартин Берокал, која е сегашното заштитно лица не Violeta by MANGO и други.

 

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Колекции