Ботега Венета: Фустани за летно заведување

17 јули 2013

Ботега Венета

Фустан и само фустан е она што го препорачуваат од Ботега Венета за ова лето. Во нивната колекција нема ниту еден пар панталони, дури ниту здолниште и има само едно сако.

Во стилот на 40-тите години од минатиот век, со мноштво цветни дезени, реси и ремени, тимот на Ботега Венета смета дека фустаните се идеални за заведување и дека нема човек што би одолеал на жена во ваков фустан.

Погледнете што предложуваат Ботега Венета за сезона пролет-лето 2013.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Колекции