Ресите се појавиле во модата пред повеќе цел век, во 20-те години, на фустаните за време на прохибицијата во САД. Потоа ја презеле главната улога во каубојските филмови. Во текот на 60-те биле заштитен знак на децата на цвеќето, за во 70 да станат неизоставен дел од бајкерските јакни, а денес се дел од се'.
Ботега Венета ги имплементираше како дел од огромно oversize жолто палто, кое помалку изгледа како да ве прегрнал октопод. Барбери, Прада и Фенди покажаа како да ги носиме ресите на фустаните и здолништата.
Живанши се одлучи да ги вметне ресите во горниот дел од изгледот, па прикажа топ со крзно и минијатурни реси. Габриела Хрст ги вметна во големо пончо/шал, а Џамбатиста Вали се одлучи за поелегантна и класична варијанта со црно сако.
Ресите не ги прескокнаа ниту додатоците: Од накит до чанти, Прада, Селини Ботега Венета ги вметаа и во најситните детали.