Дизајнерите Марија Грациа Кјури и Пјерпаоло Пичоли дефинитивно се надминаа себеси! Новата ресорт колекција за брендот Валентино е олицетворение на сите наши желби и мечти од некое минато време...

Во нивната последна ресорт колекција тие сместија повеќе од 80 модели целосно инспирирани од единствената Куба.

Тие создадоа женствени фустани и здолништа, елегантни капути и палта, романтични парчиња без кои не минува ниту една колекција на Валентино и секогаш неодоливи модни додатоци.

Овој пат, покрај романтичната страна, дизајнерите ја покажаа и онаа посилната, создавајќи тренди комбинации со широки фармерки и романтична блуза од тантела надополнета со шик украсена кафена бундичка.

Покрај фармерките, тие понудија и стилски женски панталони и палта, бомбер јакни, долги милитари палта и што уште не.

Што се однесува до боите, тие вистински хипнотизираат... Неверојатни колоритни и етно мотиви кои потсетуваат на долги, топли денови во фантастичната Куба.

Погледнете ги сите модели од кои веруваме дека ќе ви застане здивот!

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.689 пати