И дојде време да видиме што модниот гигант Диор осмисли за есенската ready to wear колекција под маестралната палка на Мариа Грациа Кјури.
Едно е сигурно – тоа беше врвно модно шоу, ода на феминизмот пресликана преку уметнички извајаните костуми и фустани.
Инспирацијата на Кјури влечеше корени од 50-ти поствоени години и како минатото може да биде од полза за денешните жени.
На некој начин таа се пронајде во повторното откривање на помалку познатите приказни за силните жени кои во минатото ги носеа креациите на Диор. Кујри овој пат ги зеде за свои музи Кетрин Диор, Џулиет Греко и Едит Пјаф - дамите во црно.
Според Кјури, парчињата од колекцијата имаат таканаречена "метална меморија", односно жените можат да ги прилагодат на нивните тела, но и на расположението. Лесни и едноставни дизајни, бела кошула во молив здолниште, помалку матни, цветни принтови, но и светкави елегантни фустани.
Кристијан Диор беше познат по тоа што одново ги донесе романсата и гламурот, одново ја измисли модата како таква, и им даде нишка надеж и среќа на жените во поствоена Европа.
Кјури има свој начин на охрабрување на женскиот дух денес. Приземјена и со измерена доза на провокативност, колекцијата си го кажа своето под волуменозните инсталации, што наликуваа на лампиони.
Фото: Vogue