Џани ова е за тебе – Спектакуларната ревија на Версаче ги обедини супер моделите од 90-те!

23 септември 2017

Шоу со историски размери, а веројатно и најепскиот момент на актуелната Модна недела во Милано, беше вчера одржаната ревија на Донатела Версаче посветена на нејзиниот брат, легендата на модниот дизајн, Џани Версаче.

Оваа година навршуваат 20 години од неговата трагична смрт во Мајами. Тоа беше и поводот за спектакуларниот трибјут што Донатела, во најмала рака достоинствено, го посвети на својот брат кој ја задолжи модната индустрија.

Со оглед на историската тежина на ова модно шоу, нема простор да ја рецензирате облеката, зашто целиот фокус е на животот и делото на големиот дизајнер и се што гледате на писта е редизајн на неговите легендарни колекции во период од 1991 до 1995 година кога тој го достигна врвот: Vogue, Warhol, My Friend Elton, Icons, Baroque, Animalia, Native Americans, Tresor de la Mer, Metal Mesh и Butterflies.

Целата ревија е врвно доживување, но кулминацијата беше оставена за финишот, кога на писта Донатела се појави заедно со супер моделите од 90-те, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Карла Бруни и Хелена Кристенсен, што се реобединија во име на Џани Версаче.

 

Фото извор: Vogue.co.uk, Getty Images, Yannis Vlamos / Indigital.tv

Објавено:
23 септември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.017 пати