Елеганција со вестерн пресврти во новата колекција на Ралф Лорен

5 април 2023

Американскиот дизајнер Ралф Лорен никогаш не ја пропушта можноста во своите дизајни на еден или друг начин да ѝ отстапи простор на вестерн естетиката.

Во новата колекција за сезоната есен-зима 2023, етаблираниот креатор успеа на мајсторски начин во доминантната елеганција, со функционален пристап да имплементира вестерн секвенци.

И тоа веднаш ќе го препознаете по ремените со впечатиливи токи, облеката со реси и каубојските шешири.
Настрана од овие референци, колекцијата комплетно ѝ е предадена на елеганцијата, но во лежерна варијација, што и од овој аспект ја прави неконвенционална, па и на моменти неочекувана.

Меките и суптилни нијанси, од беж до нежно сиви тонови, повторно се во прилог на безвременската елеганција, која во вториот дел од колекцијата преминува во монохроматски, црни и софистицирани изгледи.

Објавено:
5 април 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.648 пати