Ралф Лорен колекција за домот инспирирана од плажа

6 јуни 2014

Ралф Лорен ја претстави својата нова колекција на мебел и предмети за домот под називот „Point Dume“.

Колекцијата е наменета за оние кои што сакаат да побегнат од метежот и загадениот воздух во градот и да се одморат на магична плажа покрај море.

Едноставните линии на мебелот, белите ткаенини, меките текстури на перниците, одлично функционираат со автохтоните мотиви кои што се провлекуваат низ парчињата.

Единственото нешто што сега ви е потребно е само да си замислите долга прекрасна плажа и море и како вие уживате на прекрасните парчиња што Ралф Лорен ги подготви за љубителите на летните уживања.

Објавено:
6 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија