ЕЛЕНА ЛУКА: Женственост во полн сјај во новата свечена „Гетсби“ колекција

19 септември 2022

Сјај, луксуз, авангардна естетика, вистински гламур – модната приказна од култниот филм „Големиот Гетсби" сместена во 20-те години, добива современа интерпретација во новата ексклузивна колекција свечени фустани на ЕЛЕНА ЛУКА насловена „Гетсби".

Целата таа живописна, впечатлива и отмена мода, ЕЛЕНА ЛУКА ја редефинираше во современа, ултра модерна и богато стилизирана колекција, која совршено ѝ прилега на секоја пригода во која треба да бидете впечатливи, забележани и свои.

Линијата ја збогатуваат фантастични свечени тоалети и коктел фустани, во чиј дизајн сјајот и гламурот се заедничка нота. „Обоени" во раскошни везови со монистра, кристали и автентични декоративни елементи, со реси како доминантни детали карактеристични за чарлстон естетиката, овие уникатни дизајнерски дела се симбол на убавината и женственоста кои не оставаат простор за рамнодушност.

Деликатните материјали во прекрасни нијанси и бои го надополнуваат безвременскиот впечаток.

Блеснете во полн сјај!

Колекцијата е достапна во продажба на онлајн продавницата на брендот www.elenaluka.com, како и во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
19 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.024 пати