Вера Мештеровиќ во две блескави креации на ЕЛЕНА ЛУКА донесе гламур на два свечени настани во Скопје

15 септември 2022

Долгогодишната соработничка на ЕЛЕНА ЛУКА, Вера Мештеровиќ, вчеравечер донесе блескав гламур на два различни свечени настани во Скопје, облечена во две креации на модниот бренд чиј сјај неизбежно го украде вниманието на присутните.

За приликите, ЕЛЕНА ЛУКА ја стилизираше Вера во две различни верзии од истиот модел на уникатен блескав краток фустан со долги ракави и деколте во V-израз од актуелната луксузна Gatsby колекција, постигнувајќи различен ефект кој соодветствуваше на карактерот на настаните.

Во рамките на формалниот корпоративен настан, Вера се појави во фустан со златни и кристални детали, дополнети со блескава монистра извезена врз нежен тул преку основа во загасена нијанса на сина боја.

Со ова постигна беспрекорно гламурозен изглед кој го рефлектираше свечениот дух на опкружувањето, а воедно и препознатливиот дизајнерски израз на ЕЛЕНА ЛУКА.

За вториот настан - вечерна коктел забава во опуштена атмосфера со забавна музика, Вера носеше впечатлива и храбра црвена верзија од истиот модел на фустанот со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. На овој начин се постигнува поразличен и позабавен изглед, како што доликува за настан од забавен карактер.

Двата изгледи на Вера Мештеровиќ беа надополнети со елегантни високи потпетици и огледално-златна клач чанта со геометриска форма од луксузната колекција чанти на ЕЛЕНА ЛУКА.

Гламур каков што заслужува секоја дама!

Сите модели се достапни на ЕЛЕНА ЛУКА e-shop, како и во ателјеата во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
15 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.686 пати