По две пандемски години, Златна Бубамара вечерва се врати во Скопје во своето стандардно издание пред полна сала, овојпат по јубилеен 25-ти пат под слоганот „Да живнеме".
Помеѓу хуморот и сатирата и погледот на нашето секојдневие и проблеми од еден поинаков агол, помеѓу потребата од срце да се насмееме, макар и на своја сметка и признанијата за оние кои оваа година оставиле посебен белег во својот домен, интересно беше да се погледне оваа Златна Бубамара и од моден аспект.
Кога сме на оваа тема, меѓу гостите на настанот, невозможно беше, а да не ја ставите во модниот фокус Вера Мештеровиќ, која донесе автентична доза на холивудски гламур во авангарден изглед стилизиран од ЕЛЕНА ЛУКА.
За приликата Вера на себе носеше отмена тоалета од новата свечена линија на брендот, фантастичен црн фустан кај кој акцентот е на масивните, тридимензионални златни цветови, што му даваат посебна луксузна нота. Изгледот е збогатен со уникатна плико чанта, од актуелната линија модни додатоци со логото на брендот.
Идеално прилагоден на нејзината силуета, во елегантна линија, но екстравагантна естетика, ова беше совршениот изглед потпишан од ЕЛЕНА ЛУКА во кој Вера достојно го испочитува јубилејното издание на Златна Бубамара на популарноста.
Овој викенд, Вера повторно ќе носи креација на ЕЛЕНА ЛУКА, како домаќин и водител на Виенскиот бал во Скопје.