Вера Мештеровиќ уште еднаш донесе вистински гламур во уникатна креација на ЕЛЕНА ЛУКА.
Нашата позната водителка се појави на свечен настан и како и секогаш изгледаше беспрекорно во сензуална тоалета со потпис на етаблираниот македонски бренд.
ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ме потсетува на гламур, на прекрасни вечерни тоалети и токму затоа била мој избор сите овие години.- изјави таа за оваа прилика.
Луксузниот и ектравагантен модел ја потенцираше убавината на Вера и нејзината женствената силуета.
Она што го прави овој дизајн посебен се испреплетените прерамки на грбот со светкави детали, нагласувајќи го овој дел од телото на совршен начин.
Вера и ЕЛЕНА ЛУКА имаат одлична соработка повеќе од една деценија и токму затоа долгиот црн макси фустан со шлиц беше одличен избор за свечената прослава во хотелот Холидеј Ин каде Бекстејџ вчера го одбележаа својот 16-ти роденден.