Ели Сааб го освои Париз со колекција „воздушеста како летен ветер“

7 октомври 2022

Во рамките на овогодинешната Модна недела во Париз, либанскиот моден дизајнер Ели Сааб се претстави со неодоливо свежа и лесна колекција за пролет/лето 2023.

Овојпат, дизајнерот одлучи да ги отфрли екстравагантните кроеви и декорации, отстапувајќи им простор на нежните линии и материјали, деликатните везови и романтични силуети.

Фото: Vogue

„Бев расположен за нешто што би било лесно за носење, воздушесто како летен ветер", откри дизајнерот, потенцирајќи дека ставот кој имал желба да го пренесе со оваа колекција е „опуштен, радосен, самоуверен, но нежен".

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Па така, ревијата беше отворена со беспрекорни бели, свежи и привлечни ансамбли на кои текстурираните површини додадоа деликатно визуелно влијание.

Фото: Vogue

На модната писта доминираа градници со дезени на бела гарденија и тенки наметки до глуждовите, рачно извезени цветни мотиви, спортски дуксери изработени во нежна тантела извезена со светки, проѕирни здолништа, долги лелеави силуети обогатени со грандиозни везови, додека од аспект на боја, најдоминантна беше белата, со повремени блесоци на нежната розова, зелена, сина и жолта.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше ревијата на Ели Сааб во Париз.

Фото: Vogue

Објавено:
7 октомври 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
458 пати