Ермес ова лето инспирацијата ја најде во џунглата, а ја пренесе преку егозитчните принтови. Покрај нив, забележителни се и еднобојните комбинации, како и парчињата изработени од кожа и со крокодилски принт.
А присуството на бои се движеше од црвени нијанси, преку сини, портокалови, што придонесе панталоните, комбинезоните, кошулите, маиците... да изгледаат живо и разиграно.
Оваа колекција е наменета за сите жени што имаат авантуристички дух и ги сакаат патувањата, но и сите останати што држат до својот стил. Покрај волуменозните парчиња, Ермес во понудата има и молив здолништа и кошули, панталони со висок струк, се она што е актуелно, а со цел да ги задоволи сите вкусови.
Погледнете и кажете ни дали се пронајдовте во оваа колекција на познатиот бренд: