„Фенди“ со првата колекција на Ким Џонс и ѕвездите кои чекореа по неговата модна писта

28 јануари 2021

Многу е тешко да наследите и со истиот ентузијазам да ја продолжите работата на великан како Карл Лагерфелд. Во Шанел, Вирџин Вјард досега доследно чекори во чевлите на големиот дизајнер. Што се однесува до Фенди, од одделот за машка гардероба во Диор, беше донесен Ким Џонс, а токму оваа ревија на високата мода беше негово првенче.

Она што остави најмногу впечаток на целата ревија беа звучните имиња кои чекореа по пистата. Па така, ревијата ја отвори Деми Мур во црно одело со отворено деколте и низок кок. Меѓу останатите ѕвезди се појавија и Кејт Мос и нејзината ќерка Лајла Грејс, Кристи Тарлингтон и нејзиниот внук манекенот Џејмс, Бела Хадид, Кара Делевињ, а шоуто го заврши Наоми Кембел.

Кејт Мос со својата ќерка Лајла Грејс

Дизајнерот со британско потекло има релативно послаба естетика од онаа на Лагерфелд. Додека Германецот со парижанско срце беше љубител на остриот крој, истакнување на женската силуета, свилата, крзното и впечатокот сѐ да биде скоцкано и компактно, од Џонс не го добивме твој впечаток.

Бела Хадид и Кара Делевињ

Некаде се појавува некоја асиметрија, костумите се помалку тридимензионални што е нејасно дали е резултат на бојата на принтот или на самиот крој, а предолгите ракави придонесуваат на изгледите да им недостасува компактност па делуваат малку неуредно.

Кристи Тарлингтон и нејзиниот внук Џејмс

За пофалба е посветеноста на додатоците и детали кои совршено се поклопувааат со фризурите од добата на Чарлстон.

Да се надеваме дека Ким Џонс ќе има посреќни решенија за некоја колекција во иднина.

Објавено:
28 јануари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
335 пати