Геометриска игра во ресорт колекцијата на Кензо за 2015 година

14 јуни 2014

Ресорт колекцијата на Кензо за 2015 година е составена од парчиња во пруги, морнарски панталони и здолништа со впечатливи златни копчиња, спортски јакни и манжетни. Дизајнерите Умберто Леон и Керол Лим направија интерпретација на француската мода, но од сопствен аспект.

Инспирацијата за колекцијата потекнува од геометриските облици на француските градини од 17 век, а со графичките принтови и колор блок играта со бои дополнително се истакнуваат мотивите на Кипот на слободата и Ајфеловата кула.

Брендот кој е познат по својата иконографија и која секогаш предност и дава на конвенционалноста, знае да дефинира што е тоа што следно ќе биде прикажано низ призмата на модерното, па затоа парчињата на Кензо се светски препознатливи и прифатливи.

Објавено:
14 јуни 2014
Категорија: 
Колекции