„Гучи“ прослави 100 години постоење и ја објави соработката со „Баленсијага“

16 април 2021

Италијанскиот бренд Гучи ја дувна 100-та свеќичка на тортата, а креативниот директор Алесандро Микеле се потруди да го обележи овој голем успех претставувајќи колекција која го славибрендот, промените, случувањата низ годините.

Микеле ја славигодишнината од почетокот на годинава, па иако сме само април, досега го најави партнерството со The North Face, кампањата Beloved со Хари Стајлс и Серена Вилијамс. Сега, на јавноста и' ја претстави колекцијата наречена Ариа, и станавме сведоци на уште една модна љубовна симбиоза, меѓу Гучи и Баленсијага. 

Спојувајќи ги креативните умови на Алесандро Микеле и Демна Гвасалија се добиваат логоата и монограмите на Баленсијага со силуетата на Гучи. 

За создавање на колекцијата, Микеле се служи и со архивите на куќата, па е инспириран од влијанието на секој креативен директор кој минал низ брендот, почнувајќи од самиот Гучо Гучи, до Том Форд преку серија одела со совршен крој, на кои самиот Форд бил горд. 

За претставување на колекцијата, Гучи сними 15 минутен филм кој започнува во Савој Хотел во Лондон, каде основачот Гучо Гучи работел како портир па станал заинтересиран за луксузните кожни куфери.  

Секое поединечно парче е реплика од некое претходно во историјата на брендот, но истовремено е и сосем ново модерно парче облека. 

Објавено:
16 април 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
219 пати