Инспиративни пролетни парчиња од H&M

24 јуни 2013

H&M се претстави со новиот lookbook за оваа сезона во која има елементи на војничкиот тренд, кој беше актуелен есента и зимата, бајкерски јакни во комбинација со панталони со шарени принтови и здолништа украсени со цветни принтови.

Кога се боите во прашање, имате три опции. Првата се однесува на класичните црна и бела боја, парчиња кои морате да ги имате во вашиот гардеробер бидејќи се безвременска елеганција. Втората опција се однесува на понежната страна, односно парчиња комбинирани во беж, портокалова и нежно розова боја. Доколку сакате да бидете модна сензација, тогаш за вас е третата опција. Новитет оваа сезона е минт зелената боја, па е препорачливо да имате вакво парче во вашата облека, а тука се и комбинациите со животински принт.

Доколку не знаете како да ги вклопите боите со принтовите, тогаш најдобро би било да ги погледнете фотографиите кои ќе ви понудат ни помалку ни повеќе, туку 18 инспиративни пролетни парчиња.

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Колекции