10 есенско-зимски тренди комбинации за покрупните дами

30 ноември 2013

1

Веќе ви ги презентиравме 10-те парчиња облека и додатоци за дамите со по некој килограм повеќе за есен, а во продолжение ви претставуваме комбинации за овој постуден период, кога календарски е есен, но според температурата е зима. Тоа што имате повеќе килограми, не значи дека не можете и требате да бидете тренди.

Еве што е популарно оваа сезона, па вие одберете го она што најмногу ви се допаѓа и прилагодете го на вашиот вкус и моден стил.

Тренди парчиња од кожа

2

Иако кожата е вечно тренди во студените месеци, а особено популарна од минатата година, тој тренд уште поактивен оваа сезона. Но, не мора да се ограничите на класичните кожени јакни. Кожата можете да ја носите и во облик на фустан, здолниште, топ.. Ако веќе не сте за едноделно парче од кожа, во тренд се и комбинации од ткаенина и кожа, односно парчиња кожа.

2-12-22-3
Интересни дезени

3

Гламурозни и интересни дезени се секогаш актуелни, а ова важи и за сезонава. Од апстракција, вечно цвеќе до геометриски принтови - се е дозволено. Во зависност од личниот стил, одберете нешто колоритно или посмирено, а што се однесува до боите, добар избро се сивата, смарагдно зелена, петролеј сина, боже, кралевска виолетова, окер, како и вечните комбинации на црна и бела.

3-13-23-33-4

Карирано

4

Од монохроматски карирани комбинации, до шарениот тартан, карирано се носи од глава до петици - на здолништата, панталоните, фустаните, капутите...

4-14-2

Џинс

5

Постои ли некој што не сака џинс? Можеби и да, но таквите се малку. Како и да е, ова е еден од вечните трендови, па искористете го на начин на кој што најдобро ви стои.

5-15-2

Војнички шик

6

Војничкиот стил е уште еден од класичните трендови кои се провлекуваат речиси секоја сезона. Оваа есен-зима повторно го има и тоа на јакни и капути, во стандарните зелени и кафени тонови.

6-16-2

Капути и јакни во бои

7

Нема здодевност оваа сезона што се однесува до боите, а тоа се однесува и на капутите и јакните. Немојте секогаш да се завиткувате во црна - испробајте нешто во виолетова нијанса на пример, сина, црвена...

7-17-2

Романтична рок принцеза

8

Изглед инспириран со рокерски израз е добра опција за дневни, но и вечерни излегувања. Маица со принт со комбинација со кожена јакна, тесни рокерски фармерки се дел од можностите, како и погламурозни комбинации, во кои можете да додадете модни детали.

8-18-2

Смарагдно зелена

9

Смарагдно зелената е хит боја на сезоната и нема никаква причина да не ја носите и вие, иако имате неколлку килограми вишок. Сеедно за кое парче облека ќе се одлучите - фустан, елече, или нешто друго, нека биде во таа боја. Ако пак не е чувствувате удобно во оваа боја, опцијата која што секогаш ја имате е да изберете накит во иста нијанса, кој одлично ќе се вклопи во темните комбинации.

9-1

Додатоци од тантела

10-1

Иако тантелата е секогаш популарна и може да се носи цела, оваа сезона посебно се попуалрни додатоците од овој  материјал на маици, блузи и фустани. Можеби е токму ова совршено за дамите кои сакаат малку поелегантно парче облека, а не сакаат да бидат во тантела од глава до петици.

10-210

Високи чизми

11

Високите чизми и студените месеци одат рака под рака, а тие се носат и со панталони и со здолништа и фустани. Ако сте покрупни можеби ќе имате проблем да ги пронајдете вистинските кои совршено ќе стојат на вашите листови, односно чизми со совршена ширина за вашите нозе. Денес за среќа има голем избор, па потрагата ќе биде полесна, а еве и неколку предлози во продолжение.

11-111-211-3

 

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Тренд