Издвојте се од толпата со новата колекција на The Row!

18 ноември 2014

Новата колекција на креативните Мери Кејт и Ешли Олсен за нивниот бренд The Row нѐ натера да се запрашаме како досега не сме носеле такви парчиња!

Буквално целата колекција изгледа неверојатно лежерно и стилски и истата дефинитивно е направена за девојки со уникатен стил што сакаат да се издвојат од толпата.

Материјалите од кои се изработени  парчињата, се сосема солиден старт за коментирање на колекцијата. Сосема очекувано, сите парчиња се изработени од висококвалитетни материјали, меѓу кои и внимателно одбрана свила кај кошулите, прекрасен твид кај долгите палта и наметки, но и нежен лен во крем боја кај долгите фустани.

the-row-029_20140909191742

Што се однесува до формите, од првото до последното парче во колекцијата на The Row е вистинско олицетворение на она што значи прав и едноставен крој што плени со својата уникатност и привлечност.

the-row-019_20140909191811

 

Дел од колекцијата се долгите „вреќести“ фустани, волуменозните кошули со појас на половината,  килоти во нежни бои, но и долгите лесни палта кои што соодвестуваат на секоја комбинација.

the-row-024_20140909191756

Палетата на бои...со еден збор – совршена! Парчињата од колекцијата започнуваат во романтична бела, па сѐ до есенско кафена која е како измислена за овој период во годината.

the-row-001_20140909191809

Она што беше особено фасцинантно е фактот што во целата колекција немаше ништо непотребно! Во ниту еден момент не можеше да се види ниту патент, ниту копче, ниту пак накит и модни додатоци. Единствено впечатливи беа веќе добропознатите „Селин“ влечки, кои што можевме да ги видиме и во неколку други колекции изминатата сезона.

the-row-012_20140909191800

 

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Колекции