Каролина Херера: Земјени нијанси за есен 2013

27 август 2013

Каролина Херера

„Оваа колекција има одлична емоција и драматичност“, изјави Каролина Херера за колекцијата за есен-зима 2013/14. Најчесто колекциите на Херера се поинакви од она што ќе го сретнете во остантите. Таа не ги следи и претставува слепо актуелните трендови, па така е и овој пат. Кај неа нема елементи на панк, кожа, бунтовништво.

Каролина Херера преку своите модели ја претставува жената од 1940-тите. Долгите здолништа доминираат, како и оние до колена, а посебен акцент е ставен на долгите фустани кои се наменети за вистински дами. Ремените за истакнување на половината се исто така еден од додатоците без кои оваа колекција не може да се замисли.

Погледнете.

Објавено:
27 август 2013
Категорија: 
Колекции