Кендал Џенер и Маријакарла Босконо во нова кампања на Живанши

11 јули 2014

Вистинските професионалци никогаш не губат од квалитет и покрај големиот број ангажмани, а доказ за тоа е познатото фотографско дуо – Мерт Алас и Маркус Пигот кои ја снимија новата кампања на Живанши за есен – зима 2014/15 година.

Дел од новата кампања за модната куќа се познати машки и женски модели од кои  се издвојуваат и Кендал Џенер и Маријакарла Босконо. Стајлингот го потпишува Кети Ингланд, фризурата е на Сем Мекнајт, а за шминката се погрижи Лусија Пиерони.

Објавено:
11 јули 2014
Категорија: 
Колекции