Кит Харингтон е новото лице на Џими Чу

16 јануари 2015

Британскиот актер Кит Хрингтон имаше успешна година зад себе, а новата ја започнува како заштитно лице за пролетна кампања за линијата чевли на Џими Чу. Креативниот директор на брендот, Сандра Чои, смета дека актерот е синоним за вистински џентлмен, со прекрасната телесна форма и чувство за стил – „Кит совршено се вклопува во идејата за тоа како треба да изгледа еден маж според замислата на Џими Чу“.

Покрај Кит, за пролетната кампања на брендот беше ангажиран и американскиот модел Ондриа Хардин и тоа за женската линија, а фотографиите се дело на Стивен Клејн. За потребите на кампањата, тие носат парчиња од пролетната колекција на Џими Чу, а во продолжение погледнете ги видеата од снимањето на истата.

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Колекции