Овој мај Шанел стана првата модна куќа која некогаш направила ревија во Хавана, Куба и тоа позабавна од што можете да замислите.
Овој октомври брендот повторно се враќа во топлите краеви на оваа земја за да сними кампања за нивната круз 2016/2017 колекција и истата изгледа навистина одлично!
Дел од кампањата се прекрасните девојки Stella Tennant и Mica Arganaraz кои на совршен начин ги презентираат парчињата од познатата колекција на брендот.
Меѓу парчињата се најдоа и модели со кои Карл Лагерфелд сака да ѝ оддаде почит на Куба, како традиционалните маички, колоритните парчиња од твид, баретките, светлите бои кај моделите, но и црно – белите костими кои девојките ги носат на совршен начин.
Како што самиот дизајнер ќе каже, црните баретки се инспирирани од Че, а истите ги комбинираат со нивните познати здолништа и палта од твид, но и со фантастичните црни светкави модели кои се едни од омилените овој пат.
Фотографиите повторно ги сними Лагерделф низ улиците на Хавана и на прекрасното крајбрежје како едно од неговите омилени места. Целосната кампања ја гледате погоре во галеријата.