Кампањи есен-зима 2014: Во ринг со Лагерфелд или во затвор со Ванг?

26 јули 2014

рекламна кампања есен-зима 2014 Шанел, Карл Лагерфелд рекламна кампања есен-зима 2014 Шанел, Карл Лагерфелд

Навистина вредеше што чекавме толку долго за официјалната промоција на фотографиите за рекламната кампања есен-зима 2014 на модната куќа Шанел, која се снимаше во  Grand Palais. Имено, првичната идеја на Карл Лагерфелд беше фотосесијата да се фотографира во супермаркет, но на крајот модниот дизајнер одлучи да заврши во боксерски, ринг, тркачка патека и сала за вежбање, прикажувајќи ја, и повторно потврдувајќи ја нераскинливата врска што ја имаат спортот и модата. Лекциите за тоа како се креваат тегови, кој е клучниот момент во трчање на сто метра со пречки и како најбрзо да се нокаутира противникот, ни покажаа моделите Бинкс Волтон и миленичката на модниот крал, Кара Делевињ.

рекламна кампања есен-зима 2014 Шанел, Карл Лагерфелд рекламна кампања есен-зима 2014 Шанел, Карл Лагерфелд

Лагерфелд, уште еднаш покажа дека модните парчиња и додатоци што го носат потписот на брендот Шанел, можат да го обојат сечие секојдневие. Девојките вежбаа во тесни здолништа, трчаа држејќи ги во рака легендарните Шанел чанти, правеа склекови носејќи комбинезони, креваа тегови, боксуваа и вежбаа облечени во деловни креации изработени од твид. Совршен контраст и генијална идеја која може да ја создаде само виртуоз. Браво Карл Лагерфелд!

рекламна кампања есен-зима 2014 Александар Ванг рекламна кампања есен-зима 2014 Александар Ванг

Покрај Лагерфелд и младиот Александар Ванг покажа дека знае како на инвентивен начин може да ја спои модата и законот. Девојките на Александар Ванг повторно го кршат законот и овој пат се најдоа во вистински затвор. „Зад решетки со пет девојки“ е насловот на рекламната кампања есен-зима 2014 на Ванг.

рекламна кампања есен-зима 2014 Александар Ванг рекламна кампања есен-зима 2014 Александар Ванг

За што се обивнети? За промоција на одличен стил!

Изгледа дека „Fashion Police“ знае многу за стилот, шминката и изгледите на познатите личности, но колку со тоа е запознаена вистинската полиција? Петте модни хероини Ана Иверс, Ванеса Муди, Кејтлин Ас, Лекси Болинг и Кет Хесен завршија зад решетки поради стилот. Криминалната сторија во целост ги презентира модните парчиња и додатоци кои според Ванг ќе бидат актуелни за претстојната студена сезона. Погледнете ги фотографиите и кажете ни дали овие девојки заслужија да се најдат зад решетки.

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Колекции