Покрај Долче и Габана кои несомнено го земаа сето внимание викендов на Миланската модна недела, во агендата беа закажани и претставувањата и на други познати имиња и брендови.

Генералниот впечаток е дека доминираа светлите бои и принтовите. Овој микс можеби најочигледен беше во колекцијата на Мисони. Трусарди понуди широки и лежерни силуети. Кавали животинскиот принт го замени со металик материјали, за разлика од Ботега Венета, каде овој принт си најде свое место.

Карнерите се омилениот моден детаљ на Салваторе Ферагамо следната пролет.

Во галеријата ќе го видите нашиот избор со дел од највпечатливите креации од викенд-агендата на модната недела, која ќе заврши денес со ревија на Армани.

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
549 пати