Космополитски, разиграно и шарено со Springfield за пролет-лето 2015

16 февруари 2015

Ако погледнете низ очилата на познатиот моден бренд Springfield, ќе видете лежерна, разиграна, разнобојна и космополитска сезона пролет-лето 2015. Брендот останувајќи доследен на својата носечка филозофија, и за претсојната сезона ќе понуди едноставна и убава тренди облека, што може да се забележи и во новиот лукбук за машките и женските линии на етикетата.

 

Женска линија

СОН ЗА СЛОБОДА

Сон за слобода е линија инспирирана од боите на американското знаме: црвена, бела и сина. Комбинациите претставени во оваа колекција пренесуваат лежерено чувство и возбудлив микс од риги, ѕвезди и цветови кои ѝ даваат женствен пристап на темата.

 

СИНИ ЦВЕТОВИ

Сини цветови е веројатно најженствената линија во колекцијата оваа сезона. Палетата на нежни тонови како сина, розова и екру ја носи енергијата и светлината на сончевите зраци од раната пролет во комбинација со џинс и цветни принтови. Бомбер јакните и блузите со бандана принт се носечки парчиња во колекцијата.

 

БОТАНИКА

Совршена колекција за млади и романтични девојки. Колекција која ја пречекува пролетта со патување до ботаничките градини исполнети со слатки мириси. Цветните принтови се аплицирани на водечките парчиња како парка јакните, комбинезоните, фустаните и едноставните маици.

 

АЈДЕ ДА ОТПЛОВИМЕ

Морнарска атмосфера пренесена во урбана средина. Жолтата боја во форма на линии, сидра и сончогледи е поставена наспроти темно сината позадина, а спортските обувки се неизбежни во секоја комбинација.

 

Машка линија

НАДВОР ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Црната и сивите нијанси во комбинација со бела боја, го доживуваат својот ‘come-back’.  Лежерен и урбан стил со доза на спортски елементи. Црна бомбер јакна, бела блуза со блуриран принт, кратка парка јакна  во комбинација со црни фармерки или панталони го доловуваат потребниот ефект. Кроевите се тесни и модерни со колор блокирање кај спортските чевли, кои исто така одлично изгледаат  и во бела боја.

 

СРЕЌНО СЕКОЈДНЕВИЕ

Лежерна облека со позитивен и оптимистички став. Црвена, бела и сина за релаксиран изглед. Најпрепознатливи парчиња од колекцијата се маиците со две впечатливи линии, безбол јакните, блејзерите, ветровките во разиграни бои и индиго фармерки....

 

ПУСТИНА

Колекција инспирирана од сафари и пустината, која се базира на земјени бои – песочна, зелена, бежова и силно избелување на џинсот. Парка јакната е носечко парче, а афро мотивите се присутби кај маиците и блузите.

 

“COOL”СИНИЛО

Доминантна индиго боја, комбинација на ројал сина боја и тиркизни тонови. “Разводнетите” тонови и комбинации како палто со бермуди со абстрактни принтови. Маиците пак, се исто така избелени, а присутни се и џинс кошулите и панталоните. Многу свеж cool син изглед.

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Колекции