Крзнен колорит на Фенди за есен 2015

4 декември 2014

Новата пред – есенска колекција на Фенди за 2015 година е во знакот на геометријата, колор – блок комбинациите и крзното, а од модните детали, најголемо внимание привлекуваат моделите на чанти Bag Bugs, кои се всушност водечки елемент за наредната сезона.

Карл Лагерфелд продолжува да вметнува несекојдневни крзнени детали во колекциите за Фенди, а овој пат тие се во различни нијанси. Покрај крзнените парчиња и детали, во новиот лукбук се застапени кожени јакни, кардигани, принт во пруги, капути, класични панталони со централен раб, фустани и кратки здолништа во колор – блок комбинации, наменети за сите оние дами кои негуваат софистицирана елеганција. Исто така, големо внимание во новата колекција привлекуваат чантите во макси и мини големина, ранци, очилата за сонце, патики со крзнени елементи и актуелните модели на кратки чизми.  Во продолжение, погледнете што Лагерфелд нуди во новата пред – есенска колекција на Фенди.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Колекции