Еко-крзното е секогаш прв и вистински избор кога сакате да постигнете впечатлив и драматичен изглед, а притоа да се чувствувате пријатно и топло во студените зимски денови.
Во модната индустрија често се навраќаат трендовите во кои како водечки материјал се користи токму еко-крзното, што нуди и бројни варијанти на комбинирање.
Секогаш инвентивните Фенди на пример, создадоа култ од нивните крзнени чанти и приверзоци, познати како „Bug Bags".
На македонската модна сцена, Елена Лука е еден од оние модни брендови кои се препознатливи по тоа што често го имплементираат еко-крзното во нивните зимски колекции, со што секогаш се постигнува авангарден финиш на креациите.
Оваа сезона Елена Лука го комбинираше влакнестото крзно во уникатните дизајни на бунди, палта и јакни во варијанти со богата палета на бои. Големиот избор вклучува кратки јакни изработени од крзно со долги влакна, дамски палта на врзување со нагласена половина, уникатни предимензионирани капути со риги во повеќе бои... Со овие автентични дизајнерски парчиња ќе го потенцирате вашиот индивидуален имиџ, а покрај тоа ќе се чувствувате удобно.
Уште една придобивка е што може да ги комбинирате и за различни пригоди почнувајќи од кежуал изглед во комбинација со џинс, па се до свечени настани за кои ќе изгледате префинето во свечена тоалета и макси крзнен капут.
Наскоро сите крзнени капути ќе бидат достапни во продажните салони на Елена Лука.