Кул ретро во пролетниот лукбук на Луј Витон

4 октомври 2014

Откако неодамна, во рамките на Париската модна недела беше промовирана пролетната колекција на Луј Витон, не се чекаше многу време да биде објавен и лукбукот за истата.

 

Кул ретро и нослив футуризам истовремено се споени во креациите со изразена А линија кај кои доминираат дијагоналните пруги и секако новото лого на брендот со минималистички дизајн.

Фокусот во лукбукот одблиску е ставен и на деталите како чизмите со екстремно високи и дебели потпетици кои повторно го навраќаат стилскиот дух на 70-те. Исто така не е пропуштено и да се потенцира она што беше заштитен знак на оваа колекција: копчињата комбинирани во различни варијанти: едноредно закопчување кај здолништата, јакните, палтата, блузите и панталоните.

 

 

Објавено:
4 октомври 2014
Категорија: 
Колекции