Летна идила на Мајкл Корс

30 мај 2013

Каталогот „Сончево Лето“ 2013 на Мајкл Корс, плени со лежерност и елеганција. Сликата на совршена летна идила ја доловува моделот Кармен Педару. На естонскиот дух посебен шарм му даваат дизајните за кои одговорен уредник беше Симон Несман.

 

 

Се работи за мешавина на тропски и психоделични принтови, марами и ленти за коса сплотени во амбиент на јахта, надополнети со очила за сонце од типот пилотки и чанти на кои не можеш да им одолееш. Кармен изгледа подготвена да оди на одмор и да заскокотка многу љубопитни погледи.

 

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Колекции