Во светот на џет сетот, рекламна кампања на Мајкл Корс

19 јули 2013

Која е вистинската причина да ве натера да избегате од градската џунгла?

 

 

Кармен Педару и Симон Несман се гламурозниот пар на џет сетери во новата рекламна кампања за есен-зима2013/14 на Мајкл Корс. Кампањата е сликана на „фенси“ локации во Њујорк од страна на Марио Тестино. Моделите носат гламурозна кул облека која има совршени форми, линии контури и силуети, кои се доволно моќни за да владеат во светот на џет сетот.

 

 

„Сакавме кампањата да ја отслика динамиката, суперсоничната брзина со која се движиме низ животот независно дали живееме во светот на џет сетот или градската џунгла. Сето тоа го помешавме со гламур, спортски шик, електрични нијанси, а автомобилот го заменивме со хеликоптер“, воодушевено вели Корс.

 

 

Погледнете ја галеријата:

 

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Колекции