Новата колекција на една од најбараните холивудски стилистки и дизајнерка, Рејчел Зое, е реплика на нејзиниот индивидуален стил.

Пред есенската линија за 2016 година е богатство од шари и принтови преку кои креаторката упатува на нејзиниот бохо вкус, спакуван во колекција која е лесно компатибилна во различни стилски изданија.

Ѕвонестите форми на ракавите, фустаните и панталоните како и ресестите детали, го носат духот на 60-тите и 70-те години со што се заокружува уште еден ретро приказ на современите трендови.

Романтичната нота пак е присутна преку неколку креации изработени од тантела во комбинација со плисирани здолништа и кошули со висока јака во пар со панталони со висок струк.

 

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
540 пати