Винтиџ огледало на современата жена во новата колекција на Рејчел Зое

12 септември 2014

Во новата ready to wear колекција за пролет/лето 2015 година, дизајнерката акцент стави на црната и бела боја и комбинацијата од нив, а во многу помал дел беа застапени принтовите. Во неа преовладуваат комплети и макси фустани, како и панталони и здолништа со нагласен „edgy“ ефект, за чија инспирација послужија 60-тите години.

Токму затоа колекцијата на Рејчел Зое е во знакот на винтиџ стилот, а според многумина не е никакво изненадување бидејќи е апсолутно пресликување на омилените парчиња од гардероберот на дизајнерката.

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Колекции