Луксуз на море – колекција на Балман за Net-a-Porter

30 мај 2018

Младиот дизајнер Оливие Рустенг знае како да го задржи вниманието на модните фанатици, а затоа и важи за еден од омилените дизајнери на шоу бизнис елитата.

Балман деновиве промовираше нова, се разбира луксузна, колекција наменета за дамите кои летото ќе го поминат во престижните летни ресорти.

Колекцијата е олицетворение на летниот гламур, со внимателно селектирани парчиња, неопходни за комплетен, допадлив и префинет летен имиџ.

Естетската нишка што ја поврзува целата колекција е белата како основна боја, надоградена со златни детали. Копчињата, исто така во златна варијанта, се инспирирани од морнарските униформи, а меѓу парчињата се издојуваат панталоните во широк крој со висок струк, мини здолништата со дворедно закпочување, комбинизоните без ракави како и сексапилните макси фустани со висок страничен шлиц.
Капсулната колекција е надоградена со ексклузивни мини чанти и чевли на високи потпетици, како заокружување на летниот Балман стил.

Целата колекција е достапна на Net-a-Porter.

Извор: Balmain, Net-a-Porter

Објавено:
30 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
466 пати