Lust Covet Desire промовираше фантастичен пролетен лукбук

12 март 2014

Инспириран од убавината на кроевите, формите и моделите кои царуваа далечните‘60-ти, пролетниот лукбук на Lust Covet Desire носи свежа позитивна енергија со ретро вибрации. Станува збор за новата приказна на брендот  кој својата облека ја продава  на интернет, а е  лоциран во Венеција. Со својата креативност и неверојатни модни инсталации  успеа да го привлече вниманието на модната фела.

Етикетата за свој промотор ја избра хип-хоп изведувачката Кило Киш, која успешно го презентираше пролетниот лукбук, носејќи облека од Won Hundred, Cast of Vices, TOMTOM Jewelry и уште неколку други онлајн брендови.

 

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Колекции