Магичната колекција за деца на Хајди Клум

10 октомври 2013

Прекрасната мајка на четири деца Хајди Клум, на светот му ја претстави нејзината најнова колекција за деца за која единствениот збор што може да се употреби е – забава!

40 – годишниот модел ја претстави својата нова колекција во рамки на њујоршката модна недела за деца минатата сабота, а на истата можеа да се видат многу слатки мали модели кои ги презентираа колоритните дизајни на манекенката.

Во нејзината колекција можеа да се видат фустанчиња и бундички во боите на виножитото, модерни џемперчиња и панталони за малите момчиња, како и удобни детски пижами со неодолив дезен.

„Сакав мајките за своите деца да имаат нешто што е удобно, во многу бои и нешто што ќе можат само да го исперат и да им го облечат на своите малечки. Она што е дополнително е тоа што и цените се многу достапни“, вели Клум.

Новата колекција на Хајди Клум може да се најде ексклузивно во продавниците Babies 'R' Us ширум светот и секако онлајн.

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Колекции