Мајкл Корс: Монохроматски сексапил

16 февруари 2022

Њујоршката модна недела не може да се замисли без Мајкл Корс. Тој и ова издание презентираше нова колекција.

Фокусот е ставен на сексапилот, на комбинациите за вечерни излегувања и тоа најчесто во монохроматски тонови.

Тесни фустани со откроени делови кај половината, асиметрични креации, мини фустани, комбинезони... Корс прави  баланс помеѓу секојдневни и вечерни креации, но сепак провокативноста ја истакнува како доминантна. 

Вклучува плетенини, но и светкави материјали... За разлика од другите колекции каде бизнис изгледот бил најистакнат, овој пат се осврнува како вели на жените кои зрачат со самодоверба, а со неговите парчиња уште повеќе би ја истакнале.

Дел од парчињата се инспирирани од Мерилин Монро, како олицетворение на сексапилот.

А во продолжение погледнете како изгледа неговата модна приказна:

Објавено:
16 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
858 пати