Ретро, а урбана и тренди колекција: Мајкл Корс се потсети на добрите времиња

14 февруари 2019

Во рамките на Њујоршката модна недела  на која се презентираат колекциите за есен 2019, својата ја претстави и Мајкл Корс.

За него велат дека е најдобар бизнисмен меѓу дизајнерите, бидејќи точно знае што и е потребно на жената, па воедно, неговите колекции се меѓу најпродаваните.

Овој пат одлучи да се потсети на 1970-тите, диско ерата и најубавите години во „Студио 54“. И покрај тоа што естетиката е со ретро нота, сепак ја имплементира успешно во денешницата и создавајќи една урбана колекција.

Иако не преферира премногу принтови, па неговите колекции се најчесто со јасни бои и кроеви, овој пат умешно си игра со нив.

Речиси сите комбинации на пистата се еклектични. Дизајнерот прави динамичен спој на различни принтови, но и различни ткаенини.

Познато е и тоа дека кога ги создава колекциите мисли на модерната жена во текот на целиот ден, па затоа не недостасуваат деловни комбинации, но и оние за вечерни излегувања.

Пердувите, светките, металик ткаенините, како и ресите, кашмирот и свилата се меѓу доминантните ткаенини. Мајкл Корс, сеќавајќи се на диско деновите, не ја смирува во ниту еден момент колекцијата, која изобилува со сјај, принтови, динамичност, сексапил...

Во продолжение, погледнете ја целата колекција и кажете ни како ви се допаѓа:

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
656 пати