Ресорт 2020: Урбан шик доминира во новата колекција на Мајкл Корс

5 јуни 2019

Во ек се ресорт колекциите, а својата неодамна ја презентираше и американскиот дизајнер Мајкл Корс. За разлика од некои други, има зголемено присуство на принтови и мешање на истите. 

Се забележува и присуството на влијанието од 1940-тите, 1970-тите и 1980-тите претставени преку широките раменици, светките и истакнатите половини. 

Ова е впечатлива колекција каде кроевите се совршени, а доминираат оделата и мешањет на машките и женските кроеви и естетика. Како вели и самиот дизајнер, фокусот е ставен токму на тоа, како и дека сакал да си поигра со силните и нежните елементи, посочувајќи дека секоја жена е и силна и нежна. 

Токму затоа и има комбинација на нежни, лелеави фустани во комбинација со строго кроени палта. Сепак, и покрај доминантните елементи кои ги истакнува, како и трендовите - карирани материјали, свила, пеплум, карнери, кожа, леопард принтот итн, Корс остана доследен на тоа да создаде колекција во која ќе понуди парчиња за жените за секоја пригода и за секој дел од денот.

Погледнете:

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.779 пати
Извор: 
Vogue.com