Маркс и Спенсер подготвуваат нешто поинакво
•
2 јануари 2014
За идната пролет англиско-грчкиот бренд ни подготви нешто поинакво, нешто што досега немавме шанса да го видиме кај нив. Колекцијата е разиграна и наменета за младата популација, што е мошне добар и храбар чекор на новата креативна директорка, Белинде Иарл. Овие примамливи парчиња облека можат да се очекуваат во дуќаните на овој бренд веќе од следната година.
Инаку, колекцијата е инспирирана од 1990-тите, како и минимализмот, кој речиси и да нема некој што не го сака. Како што ќе можете да забележите и од фотографиите, во центарот се свежите бои, чистината, а посебно внимание се обврнало на деталите.