Мексико низ призма на Кристијан Сириано

1 јули 2014

collage1

Младиот дизајн Кристијан Сириано, победникот на четвртата сезона на шоуто „Проект писта“, инспирацијата за колекцијата пролет-лето 2014 ја пронајде во Мексико, поточно кај Isla Mujeres.

-Има нешто многу кул во тие куќи обоени во неонски бои и жените што продаваат рачно плетени кошници - вели дизајнерот.

Така, тој го внесе Мексико во неговата колекција на повеќе начини. Дел од моделите се направени, односно исплетени како кошниците на жените. Цветниот дезен и карнерите доминираат, како и црвените нијанси. Застапени се и белата, коралните нијанси, црната...

Дел од колекцијата е посветен на трендот на здолништа со висок струк и куси топови, тесни панталони... Голем дел од младата публика ќе се пронајде во нив. Вториот дел од колекцијата е посветен на долгите фустани, кои што како што вели дизајнерот, совршено ќе се вклопат во некои забави во градина... Но, мора да признаеме дека дел од нив се по малку старомодни и не се вклопуваат во трендовскиот прв дел. Сепак, можеби идејата била да се вметнат ретро парчиња...

Во врска со разнобојноста која ја карактеризира линијата, Сириано вели дека ги слушал барањата на клиентите, па токму тоа и го презентирал и покрај тоа што се коси со неговата лична естетика (каде најчесто доминира црната боја).

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Колекции