Принцезата Дијана инспирација за ресорт колекцијата на Кристијан Сириано

15 јуни 2023

За колекцијата есен 2023 американскиот дизајнер Кристијан Сириано се инспираше од легендарната Одри Хепберн.

Класичниот стил повторно е во фокусот за ресорт колекцијата, а овој пат инспирација е уште една стилска икона – принцезата Дијана.

Сириано започна да работи на колекцијата кога беше во посета на Англија и Ирска, за да присуствува на изложби во музеи.

Кралско сини, макси тоалети што слободно паѓаат и смарагден фустан на долги ракави се креации во кои можеме да ја замислиме Кејт Мидлтон.

Црно бел комбинезон со остри линии, панталони на риги со широк крој, бел асимтричен миди фустан и црни фустани со проѕирен слој раскажуваат приказни за модерните принцези.

Сириано, за ресорт колекцијата раскошот го замислува како наметка со боја на јоргован и пердуви, ултра волуменозно, розово здолниште од тул и пастелно зелена наметка со предимензионирани набори.

Фото: Vogue

Објавено:
15 јуни 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
240 пати