Михано Момоса создаде колекција за префинети дами

22 октомври 2014

За новата пролетна колекција брендот Михано Момоса сними лукбук потпишан од фотографското дуо Декер и Кутиќ. Според тврдењето на дизајнерот Михајло Анушиќ, колекцијата е составена од грациозни парчиња кои ја истакнуваат елеганцијата во прв план. Станува збор за романтични парчиња кои ги задоволуваат естетските потреби на префинетите жени на 21-от век, со суптилни детали од 50-тите и 60-тите години.

Нежните тантели, пастелните нијанси, цветните дезени, како и 3-Д цветните материјали од кои се изработени палтата и дел од гламурозните здолништа, се доволна причина ова да бидат едни од најпосакуваните модели за следната пролет. Иако, дел од формите се строги, топлината и мекоста на материјалите го прават спојот совршен.

-Внимателно осмилените мотиви на божур на новиот принт ја доловуваат атмосферата на целата колекција. Со најфини материјали и совршен крој, уште еднаш е прикажана колекција за силна жена која не негира својата потреба да биде убава и сакана - вели дизајнерот.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Колекции