Пастелна бајка од Михано Момоса за есен 2015...

17 февруари 2015

Реалноста и фикцијата неодоливо се преплетуваат во новата пред – есенска колекција на младиот и неверојатно талентиран српски дизајнер Михајло Анушиќ кој стои зад брендот Михано Момоса.

Овојпат, Анушиќ инспирацијата ја црпеше од непресушната Алиса во земјата на чудата, што покрај кај парчињата, може да се забележи и во сценографијата за фотосесијата.

Неговиот бренд е познат по софистицираната естетика која секогаш ја буди женската фантазија, ги остава сите без здив и на единствен начин ги привлекува со уникатноста.

Заштитно лице на неговата пред – есенска колекција за 2015 – тата година е шармантната манекенка Даниела Црногорац, која на посебен начин ги презентира неговите модели.

Целата колекција се базира на исклучително нежни и смирени тонови на бои по што всушност е и познат младиот дизајнер. Како што и самиот ќе каже, со оваа колекција тој сакал да им ја оствари потребата на сите жени да останат деца во реалниот свет.

Во колекцијата ќе најдете нежни модели во бела боја целосно изработени од посебна тантела, потоа свилени кошули во розова боја комбинирани со сини здолништа во А – крој, но и куси и шик венчаници со по некој уникатен детаљ.

Централно парче во колекцијата е долгата венчаница со отворен грб, целосно изработена од тантела со волуменозна панделка во задниот дел.

Едно од можеби најуникатните парчиња што дизајнерот ги претстави овојпат, се и нежните бели хулахопки изработени од тантела што тој ги комбинира со кусо фустанче од сосема ист материјал и боја.

Во продолжение, погледнете ги парчињата и фотосесијата за колекцијата на младиот и неверојатно надежен Михано Момоса.

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Колекции