Микс на стилови во зимската колекција на Манго
•
30 јуни 2015
Глам рок, бохо, вестерн – миксот на стилови е забележителен во новата зимска колекција на шпанскиот бренд Манго промовирана во рамките на 080 Barcelona Fashion.
Во комбинацијата на црна, бела и сива боја се изведени речиси сите модели кои најчесто се комплетирани со шешири, чизми до глужд и над колена.
Според тоа што го прикажа Манго на писта, продолжува трендот на тесни кожени панталони и шорцеви, комбинезони, блузини со риги и странично поставени копчиња. Манго во оваа колекција во која доминираа парчињата во рок фазон, прикажа и една поелегантна нота преку долгите фустани во металик сиви нијанси, кратките бели бунди како и долгите здолништа со лелеав пад комбинирани со краток топ.