Минимализам, точки и принтови во новиот лукбук на Зара

7 март 2014

Новите парчиња ќе ги импресионираат припадничките на понежниот пол кои го сакаат минимализмот, принтовите и точките. Исто така љубителите на спортот ќе може да го пронајдат своето омилено парче, односно спортски топови, маици и шорцеви во бела, светло - сина и сива нијанса. За оние кои го преферираат лежерниот стил, Зара ќе им понуди здолништа и фустани со принтови и точки. Новитет во однос на лукбукот се фармерките со висок струк и јакните со широк крој.

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Колекции