Амриканската армија е првата што во 1917 за своите пилоти почнува да ги обезбедува таканаречените „бомбер“ јакни чија првична намена била да ги штити пилотите од студот. Сега, после толку многу време, „бомбер“ јакните неколку сезони наназад се најактуелни и тоа повторно од американските улици. Новите модели пред се оние за жени, доживеаја голема еволуција, па ‘ така сега дизајнерите постојано ги менуваат и ги прават се поатрактивни за припадничките на понежниот пол. „Бомбер“ јакните се спортско парче облека, кое од моменталните тенденции се комбинира со женствени парчиња како здолништа и високи потпетици.
Оваа есен во поглед на јакните, очекувајте наплив на вакви модели и тоа во плејада од принтови и колорит. Дизајнерите и брендовите нудат такви со цветни, животински, графички, етно принтови, такви со апликации, натписи и колорни блокови. Сепак, „бомбер“ јакните не ги преферираат сите, а оние пак што веќе ги носат или се слепи следбеници на трендовите или пак се храбри индивидуалисти.